Како сонот може да помогне против настинка?

Германски научници откриле еден начин на кој сонот ја подобрува способноста на телото да се бори против настинка. Сонот, се чини дека ја зајакнува способноста на одредени имунолошки клетки, така што ги подобрува нивните шанси да се “прилепат” и евентуално да ги уништат клетките кои се заразени со вируси.
Научниците се насочиле на таканаречените Т – клетки кои се борат против инфекции. Кога Т – клетката ќе забележи вирус, заразената клетка активира леплива белковина интегрин која овозможува да се спои на таа клетка, пишува енаука.
Научниците успеале да докажат дека недостатокот на сон, како и подолгите периоди на стрес, резултираат со повисоко ниво на хормони, кои се чини дека го блокираат главниот прекинувач кој ги активира лепливите протеини.
Доколку сакате вашиот имунолошки систем да е во состојба да се избори против нападот, осигурајте потребен број на часови за сон секоја ноќ и избегнувајте хроничен стрес – вели Стојан Димитров од германскиот Универзитет Тубинген.
Уште поважно, Т-клетките во ноќите кога испитаниците спиеле имале повеќе лепливи белковини за борба против вирусот отколку оние земени во ноќите кога не спиеле, што значи дека биле помоќни во борбата против вирусот.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
