-->
-->
Како на филм - Му влегол во двор и го бодел со нож
-->
Вистинска семејна драма се одвивала во селото Трботивиште. Вчера во 9 часот и 50 минути во дворот од куќата на 33-годишниот В.Ж. дошол нејзиниот поранешен сопруг, 48-годишниот О.С. и заедно со неговиот татко, 85-годишниот М.С. нашравил голем инцидент.
Според податоците од полицијата, бесниот маж ја навредувал несреќната жена, а потоа извадил нож. Во турканицата се вклучил и 48-годишниот В.С. кого насилникот го нападнал со ножот. Го прободел во раката, а потоа му нанел уште три убодни рани во пределот на десната нога, додека таткото на насилникот земал дрвен предмет и го удирал со него.
Таткото и синот се приведени, а на повредениот му е укажана лекарска помош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци
-
Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
-
Кочанчани на протест заради депонирање на отпад од соседните општини
-
Центри за ментално здравје
-
Преглед на вестите од светот
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа