Македонија
28. July 2021 - 21:16

Како ќе се избираат советници на отворени листи?

Како ќе изгледаат гласачките ливчиња и како ќе се избираат советници на отворените листи на претстојните локални избори. Многу дилеми во јавноста отворија измените на изборниот законик. Според предлогот кој веќе е во собраниска процедура, наместо како досега кога се гласаше само за носител на советничка листа сега граѓаните ќе можат да изберат носител но и еден кандидат советник од понудената листа. Но, за да влезе во општинскиот совет ваквиот префериран советник за него ќе треба да гласаат најмалку три отсто од запишаните избирачи во општината.

Гласачкото ливче ќе има две колони. На една ќе се гласа за партија или коалиција, а на другата колона ќе бидат советничките листи.

Ваквите измени според политичките аналитичари се потребни, но покомплицирани со оглед на тоа дека Македонија за првпат воведува ваков изборен модел.

Токму затоа според Арсовски неопходни ќе бидат едукативни капмањи за да им се објасни на граѓаните како да гласаат, а нивните ливчиња да бидат важечки.

Додека македонските граѓани за првпат ќе гласаат на ваков начин,, во многу поголеми држави од Македонија па и во земјите од соседството прагот за кандидатура е многу понизок .