Kако да се подобри бебедноста - Педагозите бараат повеќе да се работи со агресивните деца
Обезбедувањето не е доволно да ја гарантира сигурноста во училиштето.Еден човек не може да контролира маса од стотици ученици а уште помалку да спречи инцидент кој може да се случи на огромна површина. Дел од директорите сметаат дека треба да се зголеми бројот на обезбедувачите, но клучна е соработката да децата со нив. Најголем дел од тепачките и инцидентите се случуваат за време на одморите, кога е фрекфенцијата на деца е најголема а токму тие треба да реагираат доколку забележат лица однадвор.Многу важно е да се работи не само на образованието туку и воспитанието на учениците.
-Денешните деца се многу агресивни, инциденти настануваат од најмал проблем, ако некојму ставил лајк на фејсбук, што му пишал..ние неможеме да гарантирае полна безбедност но мора да работмие на нејзино зголемување. Треба да работа сите родителите, наставниците децата, изјави Канурков
Министерот за образование смета дека уште треба да се работи за поголема безбедност во училиштата , преку зголемување на свесноста кај сите члинители во образовниот процес.
Градот Скопје пред 4 години постави обезбедување во сите средни училиштA. Имаше и размислување за поставување на метални детектори на сите влезови во училиштата но за многумина оваа идеја е неприфатлива, затоа што образованите институции не треба да се претвараат во казнено-поправни установи.
-

Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар
