Како да го надминеме проблемот за дојавите за бомби?
Експертите за безбедност се децидни дека дојавите за бомби треба сериозно да се третираат, а антитерористичките протоколи да се почитуваат, без оглед на фактот дека заканите досега се покажале како лажни. Губењето на часови може да се надокнади и преку онлајн настава, но полицијата мора да ги врши проверките во сите случаи кога постојат вакви безбедносни закани, посочува експертската јавност. Дополнително треба да се работи и на сајбер безбедноста .
Министерството за образование веке шест месеци не знае како да излезе на крај со ваквата ситуација.
Шаќири откри дека дел од школите не ни знаеле дека се под закана бидејки не го отвориле мејлот. За дојавите дознале дури откако полицијата ги алармира дека се на листата училишта до кои е испратена заканата. Сега се анализира дали да се игнорираат идните, но според Шаќири за тоа е потребна дозвола од полицијата.
„Се прават неколку анализи, ќе се земаат и најдобрите искуства од другите држави. Ќе се разгледува и можноста за комуникација во електронска форма. Знаеме дека мејлот не е законска задолжителна комуникација на институциите, но за тоа да се потврди ќе треба да го потврдат и органите кои се од безбедносен аспект“, Јетон Шаќири.
Во МОН се разгледува и можноста наставата да продолжи ислучително онлајн, но засега ништо не е одлучено. И додека се очекуваат нови препораки како и што понатаму, опозицијата бара итно пронаоѓање на лицата кои ги испраќаат дојавите и да се врати нормалниот наставен процес..
Во октомври пристигнаа првите дојави за бомби во училиштата. Закани добиваат и министерства, трговски центри и полициски станици. Вчера имаше рекорден број пријави – вкупно 120 училишта добија мејл пораки за поставен експлозив.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
