-->
-->
Како да дојдете до билет за Супер Купот во Скопје?
-->

Билетите за Суперкупот на УЕФА кој ќе се игра во Скопје на 8 август, ќе можат да се набават единствено преку официјалната интернет-страница на Европската фудбалска унија (УЕФА), која се очекува во наредните денови да објави дополнителни информации поврзани со процедурата за продажбата.
Пријавувањето преку Интернет би требало да биде во периодот помеѓу 13 јуни и 4 јули, додека добитниците на влезници потоа ќе бидат одредени преку лотарија, бидејќи се очекува голем интерес за следењето на дуелот помеѓу европскиот првак Реал Мадрид и освојувачот на Лига Европа, Манчестер јунајтед. Интересот во Македонија е голем, судејќи според бројните прашања на љубителите на фудбалот поврзани со набавката на билети, чии цени ќе се движат од 15 до 40 евра, според досегашните најави.
Веќе се појавија повеќе сајтови кои нудат влезници за Супекупот, за кои цената е и десеткратно повисока од официјалната, но веројатно станува збор за измама на која љубителите на фудбалот не треба да наседнуваат, според општите препораки.
УЕФА треба допрва да го соопшти капацитетот на националната арена „Филип Втори“, односно колку билети ќе бидат наменети за неутралната публик, а колку ќе добијат навивачите на учесниците во Суперкупот.
Се очекува вкупниот капацитет на стадионот од 33.400 места, да биде намален поради безбедносни причини, додека навивачите на Реал и на Манчестер јунајтед веројатно ќе добијат, вкупно, околу 10 илјади билети. Еден дел од влезниците ќе им биде доделен и на гостите на УЕФА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза