Кајли Миног се омажи тајно на грчки остров
Австралиската пејачка Кајли Миног тајно се венчала со својот помлад избраник, британскиот актер Џошуа Сас, на церемонија, што наводно се одржала на грчкиот остров Сифнос, кој е дел од Кикладскиот Архипелаг, јави грчкиот портал Њуз.ин.
На свадбата имало гости од Велика Британија, Австралија и САД. Тие всушност, првично биле поканети на роденденот на Кајли Миног, за потоа да дознаат дека исто така ќе ја прославуваат и венчавката на двајцата младоженци.
- Ова беше најголемото тајно чувано изненадување на светот, изјавил неименуван учесник во свадбата.
На почетокот на мај Кајли Миног беше видена на островот Сифнос со својот партнер, кој е 19 години помлад од неа. Таа неодамна на Инстаграм објави и своја фотографија со розово срце, со натпис: „беше прекрасно, Ви благодарам за вашите честитки за роденденот".
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата