Спорт плус
30. July 2016 - 10:29

Кајак спуст по Вардар по повод Илинденското востание

 По повод 113-годишнината од Илинденското востание кајакарите Љубомир Спасиќ, Александар Златаров, Виктор Котев и Виктор Миланов од кајак кану клубовите Гемиџии 903-Велес и Илинден 90-Скопје ќе се спуштат со кајаци по течението на реката Вардар од Вруток до Гевгелија.
 
Кајак спустот ќе почне денеска од Вруток, а ќе заврши на 2 август во Гевгелија и ќе биде поделена во четири етапи со три ноќевања во градовите низ кои поминува  Вардар.
 
Се планира во првата етапа да се весла до Скопје каде што ќе биде и првата пауза, втората да биде од Скопје до Велес, третата од Велес до Демир Капија, а четвртата од Демир Капија до Гевгелија каде кајакарите треба да стигнат во попладневните часови.
 
Од Кајакарската федерација на Македонија се надеваат дека овој настан ќе прерасне во традиција.

 

Ново на Сител