Кај уапсените терористи во Косово пронајдени отров, знаме на ИД, маски и ракавици

Кај петмината припадници на џихадистичката ИД, кои беа уапсени во Косово, бидејќи планирале теористички напади во регионот, полицијата пронашла отров, знаме на ИД, маски и ракавици, јави Коха.нет.
- Според Сабрије Јашари, адвокатка отровот бил пронајден во чанатата на нејзиниот клинет Енис Латифи, од Витина, кој е еден од упасените.Таа уште потврди дека во чантата имало и знаме на ИД, маски и ракавици, но не можеше да даде детали за каква отровна супстанца станува збор, пишува Коха нет.
Во вчерашната акција најпрво беа уапсени тројца, на магистралниот пат Приштина - Гњилане кај езерото Бадовац, а подоцна и другите двајца нивни партнери по што под силно полицико обезбедување се пренесени во Приштина.
Како што јави Коха.нет покрај Енис Латифи уапсен е и братучед Бесник Латифи од Витина, потоа Газменд Халили и Милазим Хаџијај од Исток. Се дознава дека петиот уапсен е македонски државјанин Беким Фидани.
Претседателот на Основниот суд во Приштина, Хамди Ибрахими, изјавил дека распитот ќе трае до доцна вечерва.
Петмината уапсени биле повратници од Сирија. Како што објавуваат медиумите во Приштина, тие планирале крвави напади со многу жртви во Косово, но и во Македонија. Се појавија шпекулации дека нивна прва задача била да ја затрујат водата во езерото Бадовац, од каде се снабдува половина Приштина, поради што тој дел на косовскиот главен град, беше без вода. Но, извршените анализи утврдија дека водата е исправна.
Косовските медиуми денеска преносоа дека тероритсите планирале отров да фрлат и во главниот резервоар во Урошевац.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
