Кај тројца грчки државјани пронајдени и одземени околу 200 патрони непријавена ловна муниција | ФОТО

На 28.11.2025 година на Граничен премин Стар Дојран лишени од слобода се три лица поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик - „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и експлозивни материи”. Од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и полициски службеници од Фронтекс, во три одделни случаи при извршена гранична контрола за влез во РСМ, кај три лица грчки државјани пронајдени и одземени се околу 200 патрони непријавена ловна муниција.
Во првиот случај околу 10:20 часот, при контрола во патничко моторно возило „дајхатсу териос“ со грчки национални ознаки управуванo од Х.С.(38), пронајдени се над 130 патрони (ловечка муниција) кои биле сокриени на повеќе места во возилото.


Исто така, околу 11:20 часот во патничко моторно возило “хонда” со грчки национални ознаки управуванo од K.K.(76) пронајдени се 24 патрони (ловечка муниција). Во последниот случај околу 16:30 часот во патничко моторно возило “сузуки витара” управуванo од Т.P(62), пронајдени се над 40 патрони (ловечка муниција), соопшти МВР.


Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
-

Во Клиниката во Козле хоспитализирани 60 деца со респираторни инфекции
