Kaj 24-годишник во Гази Баба пронајдени 200 пакувања бела прашкаста материја

На 16.12.2024 во 15.45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(24) од Скопје.
При преглед кај него биле пронајдени и одземени повеќе од 200 пакувања бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и бела грутчеста материја и дигитална вага со остатоци од прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, полициски службвеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле 37 куршуми различен калибар.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него по брза постапка ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
