Каиро: Убиен вториот човек во египетската хиерархија на Исламска држава

Еден од лидерите на локалната ќелија на џихадистите од Исламска држава, активна во Египет, денеска е ликвидиран од египетските командоси во северниот дел на Полуостровот Синај, соопшти порталот „Ал Фагр“, цитиран од ТАСС.
Според податоци на порталот, убиениот е Мохамед Насер Маадан или „вториот човек“ во хиерархијата на групата „Ансар Бејт ал Макдис“ (Приврзаници на Ерусалим), која пред повеќе од една година и се заколна на верност на ИД.
Маадан бил убиен при престрелка со припадници на египетските специјални единици во реонот Вади Расфан. Заедно со него биле убиени и неколку џихадисти, кои го обезбедувале својот лидер.
Освен тоа, командосите му влегле во трагите и го блокирале и лидерот на египетското крило на ИД во централниот дел на Синај, извесен Мохамед Муса Мухејсин, кој веќе двапати годинава се спасил од потерите.
Ново на Сител
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
-

Стабилно и релативно топло време во текот на следната седмица
-

Македонските ракометарки ја совладаа Словачка за прво место на турнротот во Анкара
-

Неготинка пријавила физички напад од поранешниот сопруг
-

Уапсен кавадарчанец, возел со 2,18 промили алкохол во крвта
-

Најмногу дожд во Гевгелија, од утре стабилизација на времето
-

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути
