Каевски: Ги демантирам невистините на Митева
Откако од Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ праша како пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски поседува имот од три стана и куќа со државна плата за една година, со реакција се јави и самиот пратеник.
Тој објави дека тоа се само „невистини и дезинформации од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ и ништо друго“.
„Колку се очајни што немаат друго што да им понудат на граѓаните, на народот, освен лажни вести и лаги. Ниту после 6 изборни порази никако да ја научат лекцијата дека со лаги, со невистини не може, не бива. Имено денес имаа прес конференција на кој кажуваа невистини за имот кој што го поседувам заеднички со моето семејство и истиот е уредно пријавен во мојот анкетен лист. Во пресот лажно ме обвинуваат дека имотот е стекнат овие години од кога јас имам државна функција, за што целосно ги демантирам со фотографии од имотните листови и договорите кога сето ова е стекнато“, истакна Каевски.
Тој најави тужба доколку партијата не се извини јавно во рок од 24 саати.
Ново на Сител
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање
-
Прилепската болница го намали долгот - Главен проблем недостатокот на кадар
-
Младите ретко пријавуваат корупциија, немаат доверба во институциите но стравуваат и од реперкусии