Каевски: Две години локална власт а нула резултати, ДПМНЕ не ја оправда довербата на граѓаните
2 години локална власт - 0 резултати, ДПМНЕ ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата којашто ја доби на локалните избори.
Градоначалниците на ДПМНЕ во над 40 општини не ги остварија изборните ветувања. Напротив, она што го ветуваа пред граѓаните кога им ја бараа довербата не го реализираа.
Нема проекти, нема развој, нема резултати. Една голема НУЛА!
Дополнително во општините под капа на ДПМНЕ граѓаните плаќаат поголеми сметки.
Речиси и да нема градоначалник од оваа партија којшто не ги зголемил цените за данок на имот и до 300%, за ѓубретарина, вода, комунални услуги.
Скопје е пример како Мицкоски и ДПМНЕ она што го ветуваа пред граѓаните не го испорачаа.
Едно зборуваа кога бараа гласови од скопјани а денеска друго, со еден збор донесоа хаос.
Во Скопје нема бесплатен градски превоз, клучното ветување не е остварено. Нема нови 250 еколошки автобуси, нема модерен ниту еколошки транспорт.
Наместо модерно Скопје, хаос, нечистотија и смет.
Истото се случува и во Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски целосно ги изневери граѓаните.
Ги нема ветените проекти од програмата. Нема нова Поликлиника која ја ветуваше, нема ново основно училиште, нема гасификација на училиштата.
Спортскиот центар со базен не го направи а салата Расадник се распаѓа
Ѓорѓиевски кој јавно го гледаме со скапи часовници дополнително ја задолжи општината а со тоа и граѓаните.
Идентично е во Гази Баба.
2 години локална власт на ДПМНЕ донесоа нов долг за граѓаните за 5 милиони евра.
Ништо од ветената програма не е остварено.
Ги нема 4 те нови градинки, нема 4 нови спортски центри , нема нови улици, нема нови 2 клучки на бул. А. Македонски.
Има нечистотија, ѓубре и диви депонии.
Сите овие факти ја покажуваат поразителната неспособност на градоначалниците од ДПМНЕ.
ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните.
Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија
-
Јас пцујам ама не крадам | Пeтар Богојески | Неформално | Sitel Podcast 095
-
Подољак: Ништо не се промени по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин
-
Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци
-
Мицкоски најави нов договор со друга европска држава
-
Љутков: Разловечкото востание е темелот на нашата држава, историја што не смееме да ја заборавиме
-
Мицкоски: Трикови околу цените на храната нема да толерираме
-
Лимани: Над 700 вработувања на Албанци имаше кога бев заменик директор на електрани