Кошарка
16. July 2015 - 15:14

Кадетите домаќини на Бугарија во два контролни натпревари

 
Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години во склоп на подготовките за настап на Европскиот шампионат во Бугарија, ќе одигра два контролни натпревари токму со Бугарија.
 
За нашите кадети кои под раководство на селекторот Владимир Мирковски подготовките за ЕП ги започна на 1 јули во СЦ „Ново Лисиче’’ ова ќе бидат првите контролни средби.
 
Влезот ќе биде слободен, за натпреварите кои ќе се играат во петок од 20 часот, и сабота од 11 часот.  
 
Потсетување дека нашите кадети во „Б“ дивизијата на ЕП, кое ќе се одржи од 6 до 16 август во Бугарија, ќе играат во групата „Д’’ против селекциите на Шведска, Португалија, Украина, Исланд и Естонија.
 
Распоред на натпревари на ЕП: 
06.08.2015 MKD -  UKR  20:30
07.08.2015 MKD -  POR   20:30
08.08.2015 MKD -  ISL 18:15
09.08.2015 MKD -  SWE  13:45
10.08.2015 MKD -  EST 18:15