Бизнис
10. November 2015 - 16:39

Каде нема политика има прогрес - ЕК нотираше позитивни резултати во економијата

Странските директни инвестиции и капиталните вложувања го зголемуваат растот и вработеноста во Македонија, бележи извештајот на Европската комисија.

Македонија е со добро ниво на подгтовеност за развој на фунционална пазарна економија, а позитивен развој е посебно забележан во креирањето добра деловна клима.

“Владата продолжува да промовира раст и вработување преку големи инфраструктурни инвестиции и странски директни инвестиции. Ова придонесе кон подобрување на извозната структура и создавање работни места”.

“Инвестициите значително се зголемија во 2014 година преку изградбата на патишта, железници и енергетски инфраструктурни проекти како и преку новите директни инвестиции”, се меѓу некои од поентите на извештајот.

Стапката на невработеност континуирано опаѓа од 2008 година кога изнесувала 34 отсто, на 28 отсто во 2014 година. Сепак, таа и натаму е висока и треба да се работи на нејзиноот намалување.

Европската комисија забележува дека цените се стабилни и дека монетарната власт успешно ја одржува вредноста на валутата. Има благо намалување на инфлацијата, што е резултат од намалување на цената на храната и енергијата. Банкарскиот систем исто така е стабилен. Основен извор на финансирање на банките се депозитите кои континуирано растат од 2013.

Во согласност со препораките за 2015 година, а со цел да се поддржи долгорочен раст, Македонија треба да обрне особено внимание на: продолжување со структурни реформи во бизнис климата и создавање ефикасна стечајна постапка, во каналите за кредитирањето од страна на банките продолжување на пазарните реформи, привлекувањето странски директни инвестиции и развој на приватниот сектор, стои во извештајот.