Кацин: Словенија има добра епидемолошка ситуација, но проблем се младите
Бројот на новозаразени со коронавирус во Словенија значително се намали од пред две недели, изјави денеска портпаролот на словенечката Блада Јелко Кацин, но ги предупреди словенечките туристи да бидат внимателни кога престојуваат во странство.
– Епидемиолошките податоци за Словенија беа многу добри во последните денови и значително подобри од пред две недели. Словенија е во зелена зона и многу безбедна дестинација, рече Кацин на владината кпрес онференција во Љубљана.
Тој додаде дека според последните податоци, Словенија има осум заразени на 100.000 жители во последните 14 дена, што според критериумите донесени од владата за времетраењето на епидемијата ја рангира во најбезбедната „зелена“ зона.
Според Кацин, главниот извор на нови инфекции е дружење без заштитни маски и придржување кон епидемиолошки мерки меѓу младите, како во земјата така и во странство.
Младите многу малку обрнуваат внимание на нивното здравје, а со оглед на тоа што имаат благи или никакви симптоми на Ковид-19, тие претставуваат ризик од ширење на инфекцијата, особено за нивните семејства и постарите лица.
– Основно прашање е нивната одговорност за здравјето, тие мора да бидат свесни за последиците од нивните постапки и ширењето на инфекцијата на најранливите, рече Кацин.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
