Кацарска: Со воведување уставна тужба ќе се отвори можноста граѓаните побрзо да дојдат до правда
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска на денешниот работен состанок со претседателите на државата, Собранието и на Владата, Стево Пендаровски, Талат Џафери и Димитар Ковачевски го отворила прашањето за воведување уставна тужба, за што побарала поддршка, откако Судот ќе биде комплетен и избран потребниот број уставни судии.
– Со воведувањето уставна тужба ќе се отвори можноста граѓаните побрзо да дојдат до правда, наместо со години да чекаат одлуки од Европскиот суд за човекови права и да не се изложуваат со големи трошоци пред судот во Стразбур, изјави Кацарска.
Уставната тужба, посочи таа, е можна само со промена на Уставот и проширување на членот 110, алинеја три со сите слободи и права, затоа што сега се ограничени и може да бараат заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот кои што се однесуваат на слободата на уверување, совеста, мислата, јавното изразување на мислата, политичкото дејствување и здружување и забрана на дискриминација по пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност.
– Уставниот суд, судиите и јас како претседател на Уставниот суд, сме силни поддржувачи на воведување на уставна тужба. Тоа може единствено да се реши преку отворање на Уставот, со проширување на надлежностите на Уставниот суд. Кога велам проширување на надлежностите, тоа значи повеќе работа за Уставниот суд. Убедена сум, дека сите политички партии, сите претставници во Парламентот ќе ја поддржат ова идеја, затоа што ова ќе биде првпат да се отвори уставот за прашања кои што ги засегаат буквално сите граѓани, без оглед на пол, национална, верска, политичка припадност. Тоа е добробит за сите граѓани и верувам дека тука ќе има консензус помеѓу сите, изјави Кацарска.
На состанокот, исто така, било отворено и прашањето за административно финансиска независност и условите во кои работи Уставниот суд.
Ново на Сител
-

Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје повторно протестираа
-

Кривична за управител и вработен во угостителски објект, послужиле малолетници со алкохол
-

Алиу: За месец дена ќе излеземе во јавноста со нов пристап кон специјализациите и курикулумот во нашиот здравствен систем
-

Три лица насилно одзеле пари од малолетник во подрачјето на Центар
-

Годишно во Македонија има по 5.000 мозочни удари, најмладиот има само 15 години
-

Ја заклучил во просторија и со средство за чистење ја испрскал во очите, приведен 31-годишен велешанец
-

Втор круг на гласање во 33 општини
-

Кривична за 30-годишник од Скопје, ја носел неговата малолетна ќерка да питачи во Струга
