Кабинетот на Меркел одобри нови антитерористички мерки
Германското министерство за внатрешни работи денeска објави дека кабинетот на канцеларката Ангела Меркел одобрил пакет нови мерки за борба против терроризмот.
Една од главните мерки во предлозите на владата во Берлин коишто ќе мораат да бидат одобрени од парламентот е да се зголеми нивото на размена на информации со други држави.
„Меѓународните терористички организации се вмрежени на интернационално ниво и затоа треба агенциите за безбедност да се поврзат подобро“ изјави министерот за внатрешни работи Томас де Мазиер објаснувајќи ги предлозите.
Другите мерки за борба против тероризмот вклучуваат можност агентите на германските безбедносни служби да работат прикриено, особено при инфилтрација во шверцерски мрежи како и задолжително давање лични податоци при набавка на при - пејд телефонски картички со цел да се олесни набљудувањето на осомничени за тероризам.
Ново на Сител
-
Незадоволство од одлуката на Уставен суд
-
Укинати економските директори во здравството
-
Салите кои беа поплавени во ГОБ 8-ми септември уште не се во функција
-
Преглед на вестите од светот
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот