-->
-->
Кабинет на Вељаноски: Седница за пратенички прашања последниот четврток во јуни
-->

Кабинетот на претседателот на Собранието изразува изненадување од денешната прес-конференцијата на координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески, затоа што тој пред неколку дена бил информиран дека прашањето за одржување седница за пратенички прашања ќе биде отворено во понеделник, на првата следна редовна координација со претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски.
Во овој момент, посочуваат од таму, се исполнети условите за следна седница за пратенички прашања и таа ќе биде закажана за последниот четврток во јуни.
Во претходниот период, седница за пратенички прашања не беше закажана од две причини - прво, затоа што не беа изминати првите сто дена од изборот на Емил Димитриев за премиер, и второ, затоа што беше распуштен Парламентот, посочуваат од Кабинетот на Вељаноски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Драстично поскапува дизелот
-

Граѓаните пријавиле доход од речиси 10 милијарди евра остварен лани
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
-

Основана Кинеско-македонската стопанска комора
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
