Кабинет на претседателот Иванов: Шилегов ќе мора своите тврдења да ги докаже на суд
Кабинетот на Претседателот на Република Македонија остро реагира на денешната изјава на партискиот портпарол на СДСМ Петре Шилегов и ги демантира, како што наведуваат, изнесените лаги.
- Сметаме дека обидот преку лаги и манипулации да се претстави семејството на претседателот Иванов како дел од криминална банда е крајно недолично и неодговорно однесување на една политичка партија. Ја повикуваме политичката партија СДСМ веднаш да го објави секој трансфер на пари преку таа фирма и да ги соопшти сите кои биле вклучени во било што на таа фирма, која патем е основана во Скопје и никогаш не проработела. Во спротивно, Шилегов ќе мора своите тврдења да ги докаже на суд. Фирмата „Делфино травел Балканс“ е основана во 2009 година во Скопје со сметка во ТТК Банка во Скопје и е избришана од Централен регистар во 2015 година, согласно Законот за трговски друштва чл.552-б, се наведува во реакцијата од Кабинетот на претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе штедат на зимница - теглите со ајвар ќе бидат преполовени
-
Температурните осцилации ќе ја намалат годинашната реколта на ориз
-
Скопската Брза помош со многу работа, но со малку кадар
-
36 икони чекаат да се вратат во македонските цркви
-
Пожар го пеплоса имотот на семејство во Канатларци - штетата 100.000 евра
-
Преглед на вестите од светот
-
Власта и опозицијата различно ги читаат бројките на државната статистика
-
Тема на денот со Венко Филипче, СДСМ