Кабинет на Пендаровски: Потребни се законски измени за недвосмислено правно уредување на називите на здруженијата и фондациите
– Потребни се итни измени на Законот за здруженија и фондации во кој недвосмислено правно ќе се уредат нивните називи, вклучувајќи ја и постапката за регистрација на називи што вклучуваат историски настани и личности, информираат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
– За жал, како држава, од неодамнешното именување на клубот во Битола според историски докажан соработник на нацистичкиот режим, не извлековме поука. Потребни се итни измени на Законот за здруженија и фондации во кој на недвосмислен начин правно ќе се уредат нивните називи, вклучувајќи ја и постапката за регистрација на називи што вклучуваат историски настани и личности, соопштија од Кабинетот на претседателот Пендаровски за ТВ 24 во врска со новоформираните бугарски здруженија во земјава.
Од Кабинетот посочуваат дека за таа цел е потребно да се определи надлежна институција што ќе дава задолжителна согласност во постапката за регистрација, со претходна изработка на регистар на историски личности кои недвосмислено биле асоцирани со расистички идеологии, а не како досега, преку согласност на нивен роднина или наследник да може да се регистрира здружение со име на личност што неспорно ги повредува чувствата на дел од македонските граѓани.
-Во постојните прописи и покрај правните празнини и недоречености, постојат правни можности за реакција на институциите и тие треба да дејствуваат во таа насока без да си ја префрлаат одговорноста, наведува Кабинетот.
Во април годинава во Битола беше отворен Културниот центар „Ванчо Михајлов“, но за два месеца, во јуни, објектот беше опожарен. Овој месец, пак, повеќе институции во земјава реагираа за регистрацијата на Здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид. Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија пред неколку дена соопштија дека со регистрацијата на ова здружение во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза. На социјалните мрежи, како што објавија некои медиуми, веќе се споделува информација дека и во Богданци се подготвува ново бугарско здружение кое според најавите треба да го носи името на Цар Фердинанд, татко на Царот Борис III.
Ново на Сител
-

Историјат на празникот Педесетница
-

Вицепремиерот Николоски во посета на Могила и Новаци
-

Покрената истрага и побаран притвор за возачот кој учествуваше во сообраќајката во Скопје во која загина мотоциклист
-

Арсенал постави негативен рекорд за додавања во првото полувреме во финалето на ЛШ
-

Француската полиција приведе 326 лица по победата на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите
-

Трамп: САД и Иран наскоро може да постигнат мировен договор
-

Меѓународна еко-акција за чистење на Охридското Езеро во Калишта
-

Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
