Кабаст отпад ќе се собира во општина Кисела Вода
Акција за собирање кабаст отпад на територијата на Кисела Вода од 7 до 11 часот ќе спроведат денеска и утре ЈП „Комунална хигиена” и општината преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита.
Акцијата пооделно по урбани и месни заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот, денеска ќе се спроведе во урбаните заедници Кисела Вода, Расадник, 11 Октомври бараки, „Бобан Трпков"- населба Драчево, месните заедници Пинтија, село Драчево, Усјe и Градинар, Припор - локација (ул.„Христо Татарчев“ – до месната заедница Припор, месност Бабин дол – последна автобуска станица на 24).
Утре акцијата ќе се спроведе во урбаните заедници Цветан Димов, Бирарија, Црниче, Пржино и зградите во 11 Октомври.
Од општината ги повикуваат граѓаните отпадот да го одложуваат во точно предвидените термини пред своите домовите, колективните згради на пошироките улици на начин што тој нема да го попречува движењето на пешаците и возилата, како и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена”.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ