К. Лазаров: Добро е што на стартот играме со Франција

Македонската репрезентација со утрешниот дуел со Франција (почеток во 18 часот) ќе почне уште едно големо натпреварување. Капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров истакна:
- Мислам дека сме подготвени имаме и самодовреба, свесни сме тоа што не очекува, а и позитвни сме. Влегуваме сталожено на ова првенство. Најважно е да се фокусираме на атмосферата и да го минеме првиот круг. Со тек на натпреварите се надевам да се чуствуваме посилни. Само да не се наруши атмосферата ако испшуштиме шанса за победа со Франција и со Полска. Доколку победиме пак третиот дуел може пак да одлучува. Во овие шест дена треба да се бодриме меѓу себе и на клучниот натпревар (со Србија) да бидеме најдобри. Имаме со што да се пофалиме имаме сигурност. Имаме искуство, разноврност поширок ростер за разлика од претходните години.
За утрешниот дуел Лазаров изјави:
- За Франција, имавме бод во рака во Скопје, а утре ќе дадеме максими. Ќе одиме на победа да бидеме. Зависи од нас колку ќе им дозволиме да играат колку да бидат добри. Треба да одиграме мудро и ние играчите и стручниот штаб. Секогаше е тежок првиот натпревар добро е да играме со Франција, затоа е подобро да е Франција на стартот.
Од Краков,
Марјан Ников
Ново на Сител
-

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола
-

Изгласан законот: Тротинети ќе смеат да возат само лица над 18 години
-

Струшките пожарникари со апел за зголемена претпазливост од пожари на отворено
-

Велика Британија инвестира пет милијарди фунти во дронови и автономни системи
-

Како „Тикток“ и „Фејсбук“ го менуваат мозокот?
-

Државно финале на „Плазма - Спортските игри“: 600 млади се борат за пласман во Сплит
-

Дуња Иванова со највисок светски ранг во македонскиот велосипедизам
-

До петок нестабилно време со повремени врнежи од дожд
