Свет
27. March 2017 - 11:26

Јужнокорејското обвинителство ќе побара да биде издадена потерница по поранешната претседателка Пак Геун-хе

Јужнокорејското обвинителство соопшти дека ќе побара да биде издадена потерница за отстранетата од функцијата претседателка Парк Геун-хе, обвинета дека земала мито од крупниот бизнис.

Парк (65) е првиот демократски избран претседател на Јужна Кореја отстранет од функцијата, откако Уставниот суд ја потврди одлуката на парламентот за нејзин импичмент.

Месеци пред нејзиното отстранување од функцијата Пак не беше судски гонета, бидејќи имаше претседателски имунитет. По 14-часовниот распит, иследниците одлучија да побараат нејзин притвор.