-->
-->
Јужнокорејскиот претседател бара помош за економијата на државата поради епидемијата на новиот коронавирус
-->
Претседателот на Јужна Кореја Мун џае-ин денеска изјави дека Владата треба да вложи напори да ја зајакне економијата што е под притисок од епидемијата на новиот коронавирус.
– Владата не треба да расправа за тоа дали нешто е без преседан или не, туку треба сите мерки за кои можеме да размислиме да ги ставиме на маса за да ги искористиме, рече Мун на состанокот на кабинетот.
Мун додаде дека економијата е во вонредна состојба и има потреба од поттик за зајакнување на домашната побарувачка. Во 2015 година, Јужна Кореја подготви дополнителен буџет за да и помогне на економијата да се бори против последицитеод појавата на респираторниот синдром на Блискиот исток (МЕРС).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница