Јужнокорејски трговски брод исчезна во Јужниот Атлантик
Голем јужнокорејски трговски брод со 24 членови на екипажот исчезна во реонот на Јужниот Аталнтик.
Претставник на јужнокорејската влада соопшти дека во тек е обемна операција на потрага по бродот, како и дека засега се пронајдени живи двајца членови на екипажот.
Тие биле откриени од спасувачките екипи како пловата на еден гумен сплав.
Од бродот била испратена порака дека во него навлегува вода и дека се бара помош.
Во време на упатувањето на пораката бродот се наоѓал во Атлантскиот Окена кај уругвајскиот брег, па Морнарицата на Уругвај веднаш започнала операција за потрага.
Биле повикани сите трговски бродови во тој дел од Аталнтикот, да се приклучат кон потрагата за пронаоѓање на јужнокорејскиот брод и на морнарите.
Бродот имал капацитет од 260 илјади тони и е сопственост на една компанија од Јужна Кореја, но пловел под знамето на Маршалските Острови.
Според јужнокорејската агенција Јонхап, екипажот ја сочинувале 16 Корејци и осумина Филипинци. Бродот испловил од пристаниште во Бразил.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора