Јужнокорејската армија тврди дека Северна Кореја истрела уште две балистички ракети со краток дострел
Северна Кореја денеска истрела две балистички ракети со краток дострел во морето, источно од нејзиниот брег, соопшти јужнокорејската војска.
Ракетите биле истрелани од северната провинција Хвангае и прелетале околу 370 километри, соопшти Генералштабот на јужнокорејската армија.
Ракетите најверојатно паднале пред јапонската ексклузивна економска зона, соопшти јапонската Влада.
Британските медиуми наведуваат дека денешното лансирање ракети се случува пред утрешното пристигнување на американскиот носач на авиони УСС Нимиц и придружните бродови, што ќе се стационираат во јужнокорејската база Бусан.
Јужнокорејската војска „остро го осуди“ лансирањето на проектилите, оценувајќи ги како сериозна провокација и кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, повикувајќи на итен прекин на таквите акции.
„Внимателно ќе ги следиме севернокорејските активности и ќе бидеме подготвени адекватно да одговориме на какви било провокации“, соопшти јужнокорејскиот Генералштаб.
Јапонската влада, исто така, упати „силен протест“ до Северна Кореја, наведувајќи дека лансирањето на ракетите претставува безбедносна закана.
Ново на Сител
-
Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција
-
Прекумерната употреба на лекови за болка ја зголемува отпорноста кај бактериите кон лекови
-
Два пожара на отворено денеска, еден под контрола, другиот изгаснат
-
Раст на БДП во вториот квартал од 3.4 проценти
-
Муцунски на средба со македонската дијаспора во Швајцарија
-
Приведени двајца дилери, пронајден кокаин на подрачјето на СВР Струмица | ФОТО
-
Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно
-
Без вода дел од Сопиште