Јужнокорејците „вљубени“ во кафето
Кафето во Јужна Кореја некогаш било луксузен напиток и „главен виновник“ за трошење на странски валути, а увозот на кафе во оваа земја беше дури и забранет во 60-те години, но денес тоа е составен дел од секојдневието на Јужнокорејците.
Според владините податоци, жителите на Јужна Кореја просечно пијат кафе 12,3 пати неделно, што е почесто отколку конзумирањето на главниот производ - белиот ориз, кој го јадат седум пати неделно.
Овие податоци покажуваат дека Јужна Кореја е шести најголем потрошувач на „црниот напиток“, иако по бројот на жители е дури на 27 место во светот.
Додека некои медиуми ја нарекуваат Јужна Кореја „Република на кафето“, група локални љубители на кафе предлагаат оваа земја да стане ново седиште на Меѓународната организација за кафе.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата