Свет
19. March 2020 - 12:50

Јужна Кореја ја погоди силен тајфун

Јужна Кореја денеска ја погоди силен тајфун од кој се повредени повеќе лица, соопшти јужнокорејската Метеоролошка администрација (КМА).

Од него се појавиле и неколку шумски пожари и оштетувања на згради, јавија јужнокорејските медиуми.

Ударите на ветрот достигнувале 100 километри на час и уништиле покриви и прозорци од куќи, а одложени биле бројни домашни летови и бродски линии.

Во земјата е издадено предупредување од прв степен, особено за Сеул.

Тајфунот предизвикал пожар на планината Сурак,  во кој биле пеплосани 600 квадратни метри шума.