Македонија
4. јуни 2017 - 10:31

„Јунски коњички турнир“ во Скопје

„Јунскиот коњички турнир“ и второто коло од отворенто Државно првенство во прескокнување пречки за 2017 година ќе се одржат денеска во Скопје.

Натпреварите се дел од план-календарот на Федерацијата за коњички спорт на Република Македонија, а ќе се одржат на теренот на Коњичкиот клуб „Процес" од Скопје лоциран до полициската станица за дресура на службени кучиња во Маџари.

На програмата се четири натпревари во прескокнување пречки во категорија деца, јуниори, сениори и дебитанти, со височина на пречките од еден метар до 1,20 метри.