-->
-->
Јункер: Украина треба да го реформира судскиот систем
-->

Европска унија бара од Украина да изврши реформи во судскиот систем и заштитата на човекови права пред земјата да добие безвизен режим, се наведува во писмото на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.
Еден од приоритетите на укрианските власти е во 2016 година да потпишат договор со ЕУ за безвизен режим. Исто така во 2016 година стапува во сила Договорот за слободна трговија меѓу Украина и ЕУ, покрај спротиставувањето од Русија.
Во писмото на Јункер, испратено до украинскиот претседател Петро Порошенко, се апелира за побрзо создавање на независни органи за борба против корупцијата, како и за измени на законите за труд и да се забрани дискриминација поради сексуалната ориентација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
