Јункер планира сите членки на ЕУ да го воведат еврото
По одлуката на мнозинството Британци за Брегзит, Европската комисија планира да ја лансира идејата сите земји членки на ЕУ да го воведат еврото како национална валута, објави лондонскиот весник „Дејли Експерс“.
- Претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, како што се верува, сака секоја земја членка да го воведе еврото, откако на 23 јуни граѓаните на Британија гласаа за Брегзит, наведува „Дејли Експрес“.
Според весникот, Јункер инисистира на „забразување на европската интерграција“ на тој начин што и простантите осум земји членки на ЕУ, кои сега користат сопствени национални валути, би ги замениле со еврото.
Станува збор за Бугарија, Данска, Полска, Романија, Унгарија, Хрватска, Чешка и Шведска.
Во исто време и германскиот весник „Франкфуртер Алгемејне Цајтинг“, повикувајќи се на свои извори во седиштето на ЕУ во Брисел, наведува дека Европската комисија сака да ја „забрза доизградбата на монетарната унија“.
- Имајќи го предвид претстојниот процес за Брегзит, Европската комисија сака да и стави крај на постоењето на „ЕУ со повеќе валути“, тврди франкфуртскиот весник,
Според „Франкфуртер Алгемајне Цајтинг“, главен промотор на оваа идеја е самиот Јункер, која сака „посилно поврзување“ на Европската монетрана унија.
Весникот наведува дека со плановите за Брегзит се предвидува ресорот за финансиска стабилност, финансиски услуги и пазари на капитал, со кој сега раководи британскиот еврокомесар Џонатан Хил, да го преземе потпретседателот на Еврокомисијата и комесар за еврото и социјален дијалог, Летонецот Владис Домбровскис.
Според „Франкфуртер Алгемајне Цајтинг“, ова не би било времено решение, туку би требало да дојде до спојување на двата ресори во еден.
На овој начин Домбровскис би требало не само да има координативна улога на финанскиот пазар како досега, туку би имал целосна надлежност над овој сектор. Негов приторитет во овој случај би било регулација на финасискиот пазар и негово насочување кон зајакната монетрана унија, нагласува германскиот весник.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите