Јункер очекува од Турција да ги почитува европските вредности
Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер ја повика денеска Турција да ги почитува демократските вредности доколку сака да стане членка на Европската унија.
- Една година по обидот за пуч во Турција Европа се уште и подава рака на земјата, напиша Јункер во статија, објавена во неделниот број на германскиот весник „Билд“.
Преговорите за влез на Турција во ЕУ веќе со години се во мртва точка.
- Неопходно е Турција да демонстрира волја да биде европска земја и решително да ги постави како своја основа европските вредности, додаде Јункер.
- Една Унија за човековите права, слободата на говорот и правната држава е некомпатибилна со на пример притворањето со месеци на новинари, без против нив да бидат покренати обвиненија, истакна Јункер, пред се во врска со случајот на Дениз Јуџел, новинар со германско и турско државјанство, обвинет од Анкара за поддршка на тероризам. Јуџел, дописник за германскиот весник „Велт“ не е обвинет официјално.
Јункер ги спомна и дебатите за враќање на смртната казна во Турција. - Доколку тоа се случи, вратата за членство во ЕУ ќе биде конечно затворена, се вели во статијата.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера на одбележувањето на првата годишнина од осуетениот обид за државен удар на 15 јули минатата година вети дека „ќе им ги отсече главите на предавниците“.
Ердоган изјави дека ќе ја обнови смртната казна во Турција, ако Парламетнот усвои таков закон.
Ново на Сител
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот