Јункер не сака независност на Каталонија
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека не сака Каталонија да стане независна, бидејќи тоа би поттикнало и други региони да го направат истото, а управувањето со ЕУ ќе стане премногу комплицирано.
- Ако и дозволиме на Каталонија - а тоа не е наша работа - да се одвои, и други ќе го сторат истото. Не го сакам тоа, рече Јункер во говор на универзитетот во Луксембург.
Според него, тој е „силно вознемирен“ од сепаратистичките тенденции во Европа и го повика шпанскиот премиер Маријано Рахој да направи се со цел ситуацијата да се врати под контрола.
Во врска со каталонските апели за медијаторска улога на ЕУ, тој посочи дека Комисијата не би можела да посредува, ако само една од страните го сака тоа.
ЕУ веќе изрази доверба во Рахој дека ќе го реши прашањето, и ја опиша ситуацијата околу Каталонија како внатрешна работа на Шпанија
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани