Јункер: На земјите од Западен Балкан сакаме да им понудиме недвосмислена европска перспектива
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер нагласи денеска во Стразбур дека Зпаден Балкан е најкомпликуваниот регион во Европа и ја повика Европската унија да му посвети на регионот внимание кое му е потребно, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Претседателите на ЕК и на ЕС, Јункер и Доналд Туск за време на пленарно заседание на ЕП во Стразбур ги известија европските пратеници за дебатата што ја имаа минатата недела лидерите на ЕУ за ситуацијата на Западен Балкан.
Нагласено беше дека на државите од Западен Балкан им е понудена јасна европска перспектива.
– Кога во почетокот на мојот мандат реков дека нема да има ново проиширување до 2019 година, тоа создаде конфузија на Западен Балкан. Сепак, ние ги продолживме разговорите и пристапните преговори со државите од тој регион, нагласи Јункер.
Тој рече дека Западен Балкан е најкомпликуван регион во Европа и во односите со тие држави треба да се вгради сето внимание што им е потребно.
- Јас би сакал да кажам, овде, во име на Комисијата и во името на високиот претставник, кој е и заменик-претседател на Комисијата, дека Комисијата, сака да им понуди на земјите од Западен Балкан, недвосмислена европската перспектива, рече Жан-Клод Јункер.
- Ова е најкомпликуваниот дел од Европа и ние мора на нашите односи со земјите од Западен Балкан да им ја придадеме потребната грижа. Заклучоците кои ние ги усвоивме на самитот, многу јасно кажуваат кои се нашите амбиции и намери во однос на земјите од Западен Балкан, заврши претседатетелот на Европската комисија пред европратениците, во делот на неговиот говор кој се однесуваше на земјите од Западен Балкан.
Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск од своја страна истакна дека Европскиот совет го зема предвид влијанието на внатрешните и надворешните сили на Западен Балкан, што имаат за цел дестабилизација.
Повеќе европратеници, како претседателите на најголемите пратенички групи изразија загриженост претходно за развојот на ситуацијата во повеќе земји од Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Муцунски: Наскоро ќе почнат консултациите за нови амбасадори и пополнување на местата во конзулатите
-
Нови израелски напади врз областа околу Бејрут
-
Приведено лице за издржување на тригодишна казна затвор
-
Промена на времето со значителен пад на дневната температура
-
Санкции за правно и физичко лице поради неправилности при јавен превоз со товарно возило
-
Почина родилка во Куманово
-
Казнети три ресторани и месарница во Кавадарци, уништени 87 килограми небезбедна храна
-
Најмалку десет загинати и 11 повредени во експлозија на бензинска пумпа во Русија