-->
-->
Jунајтед нема да го ангажира Мурињо?!
-->
Манчестер Јунајтед најверојатно ќе го задржи Луј ван Гал на менаџерската функција, откако раководството проценило дека Жозе Мурињо не е вистинскиот човек за „црвените ѓаволи“, пренесуваат островските медиуми.
Според истите извори, челниците на Јунајтед сакаат да ја оживеат својата младинска школа, а Мурињо не е познат како тренер кој има трпение да развива млади фудбалери, факт кој не му оди во прилог на португалскиот стратег.
Sundey Mirror пишува дека Ван Гал следната сезона ќе ја одработи последната година од договорот, а потоа на клупата ќе го наследи Рајан Гигс.
Инаку, Ван Гал изминатите месеци е цел на критики, поради резултатите и начинот на кој игра Јунајтед, но тој во саботата навести дека ќе работи на „Олд Трафорд“ и наредната сезона.
„Голем број фудбалери ќе дојдат во Манчестер Јунајтед наредната сезона, бидејќи знаат дека јас ќе им овозможам да играат“, рекол Ван Гал.
Плус за Холанѓанецот е што оваа сезона во првиот тим ги уфрли продуктите на младинската школа Џеси Лингард, Камерон Бортвик-Џексон и Маркус Рашфорд.
Од друга страна, во клубот не се убедени дека Мурињо има желба и трпение да работи со такви играчи, што само дополнително би го загрозил системот на академијата од која во минатото излегоа Гигс, Невил, Сколс, Бекам.
Младинската школа на Јунајтед претрпе сериозен удар откако градскиот ривал Манчестер Сити успеа да привлече голем број играчи, бидејќи реши да им плати школување во приватни училишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски на средба со Вархеји: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
-
Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје
-
Стејт департмент: Северна Македонија не ги исполнува минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе
-
Борел: Одржувањето врски со Путин е некомпатибилно со заедничката европска иднина
-
На Табановце се чека до 30 минути, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Непречистени 72.2 % од испуштените води во 2023 година
-
Зеленски ќе учествува в четврток на самитот на лидерите на ЕУ
-
Студија: Екстремните шумски пожари двојно се зголемија во текот на изминатите две децении