Југоисточниот плански регион од 2009-2017 реализирал 23 проекти

Кон подобрување на инфраструктурата, развој на туризмот, искористување на обновливите извори на енергија, заштита на животната средина, унапредување на претприемништвото и конкурентските предности на малите и средни претпријатија биле насочени 23 проекти кои Центарот за развој на југоисточниот плански регион ги реализирал во перидот од 2009- 2017 година со финансирани од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.
Денеска, Центарот го промовира каталогот со реализирани проекти за кои се потрошени околу милион и 861 илјади евра.
- Каталогот овозможува увид во проектите кои се реализирани во дадениот период со што преку краток опис и општи податоци, пошироката јавност ќе има можност за активностите кои се реализирани во рамките на секој проект и за тоа на кој начин секој од нив придонесува кон зголемување на регионалниот развој, вели Жулиета Ѓуркова од Центарот за развој на југоисточниот плански регион.
Од Министерството за локална самоуправа велат дека, ќе продолжи поддршката за развој и рамномерен регионален развој.
- Владата има јасна визија за приоритетите во однос на рамномерниот регионален развој. Етапно ќе ги зголемуваме средствата наменети за регионите. Во моментот се финансираат проекти преку различни министерства. Ние ќе се обидеме средствата за регионален развој да се исплаќаат од еден извор, рече Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.
Проектите се подготвени и имплементирани заедно со општините кои гравитираат во регионот Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица, велат од Центарот, додавајќи дека целта им е обезбедување адекватно решение за секојдневните проблеми на граѓаните и да се подобрат условите за живот во регионот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
-

Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
-

Мицкоски: Стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
