Јубилејно издание на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен покров“

Проекции на документарни и долгометражни филмови посветени на културното, духовното наследство и хуманоста, како и форуми за хумани вредности ќе понуди 10-то јубилејно издание на Меѓународниот филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“, што ќе се одржи од 5 до 14 декември во Скопје.
Свеченото отворање на фестивалот е задутре, 5 декември, во 19 часот во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Се одржува со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и почесниот претседател на фестивалот митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј.
- Фестивалот годинава одбележува 10 години од основањето. Посветен е на духовните, хумани и културни вредности и е единствен од ваков жанр во државава. За време на фестивалот ќе имате можност да се поклоните на чудотворната икона на Пресвета Богородица „Небесна Царица“ која митрополитот преспанско пелагониски г. Петар, ја отстапи од Битола во Соборниот храм да се целива во чест на фестивалот „Богородичен покров“. Влезот е слободен, а учеството треба да се пријави на мејлот bogorodicenpokrov@gmail.com. На секој кој ќе испрати мејл по завршување на фестивалот ќе му бидат споделени во електронска форма цитати од Божјите ветувања за исцеление запишани во Библијата и во псалмите кои се исцелителни молитви, вели во најавата основачот и директор на фестивалот Зорица Костовска.
По свеченото отворање, фестивалската програма на 5 декември ќе стартува со проекција на рускиот документарен филм „Воведение во храмот“, во продукција на „Студио неофит“. Филмот во времетраење од 38 минути го истражува потеклото и духовното значење на празникот и историјата и традициите на овој патронен празник на манастирот на Оптинската пустина.
На 6 декември во соборниот храм „Свети Кимент Охридски“ во 16 часот ќе се одржи форум за хуманитарни вредности „Знаењето е здравје“, по што ќе биде прикажан документарниот филм „Успение на Пресвета Богоридца“, во времетраење од 39 минути. Филмот е снимен во Псковско-Печевскиот манастир, наречен „Свето Успение“ и е посвеен на Успението на Мајка Богородица, познат и како „Велигден на Богородица“.
На фестивалската програма во наредните денови се долгометражниот филм „Варава“, документарецот „Раѓање на Богородица“, документарно-играниот филм „Светиот Арипелаг“, како и документарците „Приказни од Атос“, „Стела“, „Доброчинител“, за кои проекциите ќе бидат на Европскиот универзитет во Скопје.
На затворањето на фестивалот, на 14 декември ќе биде прикажан долгометражниот игран филм „13-от ДЕН“, историска драма во продукција на „13 DAY“ Films од Обединетото кралство.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
