-->
-->
Јубилејна 15. ракометна титула за Вардар
-->
Ракометарите на Вардар 1961 ја одбранија домашната титула, откако вчера во својот завршен натпревар сезонава во македонската Суперлига го совладаа Тиквеш на домашен терен со 37-25 (18-10) во салата „Јане Сандански“ во Скопје.
Ова е јубилејна 15. македонска титула за „црвено – црните“, освоена во неизвесна трка со единствениот конкурент Еурофарм Пелистер, кој повторно мораше да се задоволи со второто место.
Вардар сезоната ја заврши со двојна круна, откако претходно го совлада Еурофарм Пелистер и во финалето на националниот куп.
Дуелот против Тиквеш беше последен во „црвено – црниот“ дрес за Оливие и Кевин Њокас, Патрик Валчак, Стефан Додиќ, Џереми Тото и Диало Бакари, кои од следната сезона нема да бидат дел од Вардар 1961.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Течат рокови за приговори по вчерашното прегласување, привршуваат преговорите за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Свечена академија во чест на Националниот ден на Власите
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
„Македонија во чест на Свети Кирил“ - Претседателката се сретна со Папата
-
Македонците се условени да прифатат диктат откажувајќи се од самите себе, вели историчарот Панов
-
Преговорите за Влада во напредна фаза се уште нема конечен договор за Министерствата
-
Македонија во фокусот на грчката јавност
-
Продолжува хаосот на хирургија - 6ти ден не работат операционите сали