Македонија
9. May 2025 - 16:37

Јубилеј 80 години од победата над фашизмот

Да останеме обединети и да ги зачуваме вредностите за кои борците ги положија своите животи е пораката по повод  80 години од победата над фашизмот. Пред споменикот на партизанските гробишта, државните делегации, сојузот на борци и армијата положија свежо цвеќе и се поклонија за жртвата кои ја дадоа борците за слобода. 9ти мај е круната на македонската идеја за сопствена држава, денот во кој се остварија сите надежи да бидеме свои на своето, слободни и независни порача вицепремиерот Димовски. 

Љупчо Димовски, вицепремиер задолжен за политички систем „Овој победнички ден претставува заокружување на страдањата и жртвите од Илинденската епопеја и сите борби кои во својата историја македонскиот народ ги водел.Овој ден претставува остварување на нашата идеја за самостојна Македонија. Тоа е идејата која била главниот мотив за сите македонски учесници во воениот виор, идејата која ги крепела низ сите искушенија, предизвици и битки.” Да останеме обединети и да ги зачуваме вредностите за кои борците ги положија своите животи и да работиме на иднината која тие ја сонуваа -Слободна праведна и европска Македонија. 

Министерот за одбрана упати порака до земјите членки да ги препознаат нашите напори и она што е впишано во суштината на ЕУ да биде единственото мерило за да станеме дел од ова големо семејство. 

 Владо Мисајловски „во ова време кога сите земји во Европа прават сè за мирот и безбедноста да биде реалност на целиот континент, Европа мора да биде силна, единствена, како и во самиот зачеток на европската идејата за заедно, храбро да застанеме против сите закани. Македонските граѓани не бараат скратени патишта, протекционизам за членство, туку бараат фер пристап и можност. „Бараме она што е впишано во суштината на Европската Унија да биде единственото мерило за нашата подготвеност да бидеме дел од ова големо семејство. “

Да не заборавиме на огромната жртва која како народ ја дадовме во борбата против фашизмот, денес го славиме мирот, единството  и заедничките вредности што нè обединуваат како европски народи порача премиерот. 

„ За Македонија, Денот на Европа не е само симболика, тој е и поттик за уште посилна посветеност кон европските вредности, реформи и напредок. Нашиот пат кон Европската Унија е пат на достоинство, работа и надеж. Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината! Обединети во различноста, силни во заедништвото“

Порака упати и собранискиот спикер

„Како носител на демократскиот легитимитет, Собранието ќе продолжи активно да придонесува во напредокот на реформските процеси и усогласувањето со европските стандарди. 9 Мај нека биде поттик за уште посилна посветеност кон европската иднина!“, додава Гаши во честитката по повод 9 Мај.