Јуанот влегува во клубот на најмоќните
Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека кинескиот јуан ќе влезе во „корпата“ на водечки светски валути. Тоа значи дека валутата официјално ќе стане – валута за „резерви“ на таа светска организација.
ММФ објави дека јуанот ги исполнил сите постоечки критериуми да му се придружи на американскиот долар, еврото, јапонскиот јен и британската фунта како една од валутите што се користат на таа глобална финансиска институција.
Шефот на ММФ Кристин Лагард која и претходно го предлагаше тој потег, оцени дека тоа ќе биде поттик за раст и стабилност на Кина и глобалната економија.
Уделот на одделни валути во „корпата“ се одредува според релативната важност на валутата во меѓународната трговија и финансии. Во корпата моментно е 41,9 отсто долар, 37,4 отсто евро, 11,3 отсто фунтата и 9,4 отсто јенот. Јуанот нема да се придружи се до октомври 2016 година и би требало да има удел од 10.92 отсто.
Ново на Сител
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“