-->
-->
ЈСП утре ќе вози по неделен ред, од среда две привремени линии поради саемите
-->
Јавното сообраќајно претпријатие денеска соопшти дека автобусите од јавниот превоз утре ќе возат по неделен возен ред поради државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Од ЈСП информираат дека од среда до недела поради саемските манифестации во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе бидат воведени две привремени линии. Станува збор за линијата 100 која ќе сообраќа од Ново Лисиче до СЦ „Борис Трајковски“ и линијата 200 од Дексион во Ѓорче Петров до СЦ „Борис Трајковски“.
Двете линии се воведуваат по барање на Скопски саем за полесен пристап на посетителите на саемите „Технома“, Меѓународниот саем за градежништво и Саемот за недвижности и инвестиции „Реалекспо“./МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила
-
Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција
-
Прекумерната употреба на лекови за болка ја зголемува отпорноста кај бактериите кон лекови
-
Два пожара на отворено денеска, еден под контрола, другиот изгаснат