ЈСП со важна информација за Велигден
По повод претстојните велигденски празници, в петок, 26 април, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160, 180, што ќе возат по делничен возен ред.
Во сабота 27 април, недела 28 април, и понеделник 29 април, автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред, соопшти ЈСП.
Автобусите по неделен возен ред ќе сообраќаат и во среда на 1 Мај-Меѓународниот ден на трудот.
Жичарницата на Водно ќе работи вообичаено сите празнични денови од 10 до 18 часот, а автобусите што сообраќаат до Средно Водно 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) в понеделник, 29 април, ќе возат по неделен возен ред.
Жичарницата во вторник, 30 април, нема да работи.
Ново на Сител
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
