ЈСП: Рокот за продолжување на важноста на студентскиот билет пролонгиран до 31 март
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска соопшти дека корисниците на годишниот студентски билет за бесплатен јавен превоз имаат можност продолжувањето на важноста на билетот да го извршат до 31 март 2021 година.
– До тој термин, сите студенти кои ги исполнуваат условите за стекнување на право на годишен студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз, а не го продолжиле од која било причина, можат бесплатно да го користат превозот, притоа да поседуваат „Скопска“ која имаат обврска да ја приложат при евентуална контрола на билети. Студентите немаат обврска да се валидираат во возилото, а контролорите не смеат да им издадат записник/казна, се додава во соопштението.
Од 1 април секој студент кој ги исполнува условите за посочениот тип на билет, а не го заверил или продолжил, во случај на контрола ќе добие казна, доколку евентуално не поседува друг тип на билет уредно валидиран, наведоа од ЈСП.
Претпријатието информираше дека за пролонгирањето на ракот за продолжување на важноста на билетите повторно излегло во пресрет на барањето на Универзитетско студентско собрание (УСС) при УКИМ, кое по втор пат побара продолжување на рокот за продолжување на важноста на студентскиот билет, со оглед на актуелната ситуација со Ковид-19, која, како што наведоа, на одредени факултети им предизвикува потешкотии при организација и распределба на документацијата потребна на студентите за продолжување на важноста на билетот.
Право на користење на билетот имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје до додипломски студии, без ограничување на возраста.
– Важноста на билетот се продолжува секоја учебна/календарска година. Студентите кои првпат запишуваат прва година и го користат правото на билет за бесплатен превоз, тој автоматски им важи и за наредната календарска година. Останатите студенти, важноста на билетот ја продолжуваат со потврда за редовен студент и заверен зимски/летен семестар. ЈСП Скопје, поради Ковид-19, а токму со цел да се избегнат поголеми групирања на локациите каде се продолжува важноста на студентскиот и друг тип билети, овозможи продолжувањето да започне два месеца порано од вообичаеното, односно од почетокот на ноември 2020 година, додадоа од ЈСП.
Продолжувањето на важноста на билетот се врши во центрите за персонализација на ЈСП.
Годишниот студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз не важи во ноќна тарифа.
Ново на Сител
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении