ЈСП: Граѓаните да ги заменат истечените персонализирани картички за превоз

Граѓаните, корисници на јавен превоз, сопственици на персонализирана електронска картичка „Скопска“ на која и е истечен рокот на важност, кој изнесува четири години од издавањето, треба да ја заменат како би можеле да го користат превозот, информираат од ЈСП.
Обнова или замена на картичките може да се направи во центрите за персонализација на Транспортен центар (во автобусот), во центарот за персонализација во Карпош 2 и во Аеродром до ТЦ Капитол од 6 до 19:30 часот. Замената на картичките е на трошок на сопственикот на картичката.
Во случај картичката да е истечена, а на неа да има неискористени средства, тие системски ќе бидат префрлени на новата картичка.
Заинтересираните, статусот на картичката можат да го проверат во центар за персонализација.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
