ЈПССДП: Кривична пријава за Андреј Жерновски за опструкции
Кривична пријава за градоначалникот Андреј Жерновски и општината Центар најави директорот на акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.
Грозданов тврди дека општината со месеци ја пролонгирала процедурата за добивање дозвола за градба на земјиште на кое ќе бидат поставени возилата на ТВ екипите кои ќе вршат пренос на Суперкупот на УЕФА. Според првичниот проект, на истото требало да има и тениски терени за кои општината издала, а два месеци подоцна, се прогласила за ненадлжена и ја поништила дозволата.
- Ќе поднесам кривична пријава против Жерновски и општина Центар зашто го доведоа ПУИГ и мене како менаџер во заблуда. Ги уверувам граѓаните дека одржувањето на Купот на УЕФА ќе се одржи и во ниту еден случај нема да биде доведен во прашање. Ништо нема да не поколеба да го завршиме проектот, независно дали нашата институција ќе има дополнителни трошоци или какви било финансиски импликации кон изведувачот, рече Цветко Грозданов, директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор
Грозданов ги демантираше тврдењата дека одржувањето на Суперкупот е загрозено и потенцираше дека 99 отсто од адапатацијата на стадионот е готова, а условите и дополнително ќесе подигнат до осми август. Штетите ќе бидат финансиски, за претпријатието.
Заради тешките возила кои ќе се паркираат тука, направено е подземно зацврстување на земјиштето, согласно барањата на УЕФА. Заради одземањето на дозволната, површински земјиштето треба да се врати во првобитна состојба и наместо асфалт и тениски терени ќе има само израмнет чакал.
Во реакцијата на општината Центар се тврди дека проблемот е во бавната реакција на Акционерското друштво кое, по поништување на Одлуката за носење на Деталниот урбанистички план за тоа подрачје, не било подготвено со техничка документација за добивање на решение за тениски терени од министерството за транспорт.
Токму за бавни одговори и повеќемесечни чекања за документи од општината обвинува и друштвото.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
