ЈП Водовод и канализација спроведува акции за исклучување на диви приклучоци
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека во последната спроведена акција за утврдување и исклучување на диви приклучоци на водоводната мрежа, диви приклучоци биле утврдени во Глумово, Шишево и Сарај и оти против сите иматели се поткренати прекршочни пријави.
-ЈП Водовод и канализација – Скопје, потсетува дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје. Претпријатието исто така апелира и ги повикува граѓаните на одговорно однесување, отстранување на дивите приклучоци и регуларно поднесување на барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба, се вели во соопштението од ова јавно претпријатие.
Оттаму велат дека овие акции ги спроведуваат со цел за заштита на системот за водоснабдување, но и на граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието.
-Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснадбување, член 23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за водоснадбување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело, велат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови