ЈП „Улици и патишта“ работат на велосипедската патека на булеварот „Илинден“

Екипи на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ поставуваат столпчиња по должината на велосипедската патека на булеварот „Илинден“, ги преместуваат автобуските станици и другите физички препреки и ги спуштаат рабниците при влезот во крстосниците за да се овозможи непречено движење на велосипедистите.
Велосипедската патека по должината на булеварот „Илинден“ е дел од рутата 1 од проектот „Скопје велоград 2017“, која овозможи поврзување на Гази Баба, преку центарот на градот со Карпош.
Како дел од рутата 1, Град Скопје ги изгради и реконструира следниве велосипедски патеки: на булеварот „Александар Македонски“, од клучката кај хотелот „Континентал“, до клучката Естекада, од двете страни, на улицата „Беласица“, од булеварот „Гоце Делчев“ до клучката кај хотелот „Континентал“, од двете страни. Велоспипедски патеки има и на булеварот „Гоце Делчев“, од булеварот „Крсте Мисирков“ до улицата „Беласица“, од двете страни, на булеварот „Илинден“, на потегот од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ до фонтаната „Лотосов цвет“ и на булеварот „Илинден“, на потегот од Матично до крстосницата со улицата „Љубљанска“.
Град Скопје лани изгради и реконструира велосипедските патеки на улицата „Ѓорче Петров“, од булеварот „Македонска војска“ до мостот за Сарај, на булеварот „Крсте Мисирков“, од Адвокатската улица до кеј „Димитар Влахов“, на булеварот „Крсте Мисирков“, од булеварот „Гоце Делчев“ до Бит-пазар и на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“, од Железничката станица до булеварот „Кочо Рацин“, од двете страни.
Ново на Сител
-

Гроб со протома од коњ кој датира од железното време - стар најмалку 26 векови откриен кај локалитетот Исар - Марвинци
-

Приведено лицето кое пукало кон стан во Струга, кај него пронајдени куршуми и дрога
-

Рокас: Кога жените водат, мирот трае
-

Во штипскиот Затвор утре право на глас имаат 92 осуденици од 23 општини
-

Мисајловски: Во Армијата постојано се зголемува бројот на жени, во МО над 50 проценти се жени на раководни позиции
-

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека
-

Сиљановска-Давкова на одбележувањето 25 години од Резолуцијата 1325 на ОН: Лани само седум отсто од преговарачите во мировните процеси биле жени
-

Мицкоски: Вториот изборен круг нека биде нашата јасна победа, не само во бројки, туку победа во свеста
