ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 50 кубни метри отпад од диви депонии во изминатото деноноќие
Екипи на Комунална хигиена-Скопје вчера и во текот на ноќта транспортирале приближно 50 кубни метри непрописно оставен отпад на неколку диви депонии во скопските општини Чаир, Карпош и Гази Баба.
- Повторно е интервенирано на улицата „Џон Кенеди“ во општината Чаир, каде што се подигнати 15 кубни метри кабаст и отпад од картонски пакувања оставени на јавна површина во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“. Во оваа скопска општина се отстранети и седум кубни метри непрописно оставен градежен отпад од сообраќајна површина на улицата „Цветан Димов“, информира претпријатието.
Во општината Карпош, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје работеле на булеварот „Партизански одреди“, каде што се расчистени приближно пет кубни метри отпад картонски пакувања оставен на тревна површина во близина на Порта Влае.
- ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден отстрани и обемна дива депонија составена од кабаст и мешан комунален отпад лоцирана на улицата „Париска комуна“ во општината Гази Баба, се наведува во соопштението
Ново на Сител
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци